Ибраими „удри“ по својата Шкендија, Алтипармаковски од пенал го радува Штип (ВИДЕО)

Струга ТЛ е пред нова победа во првенството, откако води 0-2 над Шкендија. Стружани дојдоа до убедлива предност благодарение најпрво на црвениот картон на Цаке кон крајот на првиот дел, а на стартот од вториот дел Малески ја донесе Струга до водство.

Бесарт Ибраими во 70. минута „удри“ по својот поранешен тим. После еден противнапад, Ибраими излезе сам пред Захов и го совлада, по што не се радуваше на овој погодок.

Во Штип води Брегалница. Алтипармаковски од пенал во 55. минута погоди во голот на Стевковски. Пеналот го направи Илиевски откако стартуваше над Додев.

Се вчитува...