Ибраими: За моите сто гола се заслужни сите соиграчи од Шкендија

Македонскиот првак Шкендија го освои Чаир победувајќи го Шкупи со 1-2 во вчерашниот последен меч од четвртото коло во Првата фудбалска лига. Стрелец на двата гола за Шкендија беше Бесарт Ибраими, кој стигна и до големо остварување – сто гола во дресот на Шкендија. „Седумката“ од Тетово, има постигнато 71 гол во Првата лига, 15 погодоци во Купот на Македонија и 14 гола во европските купови (5 во квалификациите за ЛШ и 9 во квалификациите за ЛЕ).

Тој вели дека нема да стигнел до вакво лично постигнување, доколку немал голема помош од соиграчите од Шкендија.

„Прекрасно е чувството кога напаѓач ќе стигне до сто постигнати гола. Тоа не може да се опише со зборови, а секако дека за моето остварување најзаслужни се моите соиграчи, како и тренерите со кои соработував изминатиов период во Шкендија. Би ја истакнал и поддршката од навивачката група „Балисти“, која секогаш ни дава голема мотивација“, изјави Бесарт Ибраими за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...