Ибракадабра – Милан победи

Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ во првиот настап како стартер за Милан по враќањето во Серија А се запиша меѓу стрелците и го потврди триумфот (0-2) на „росонерите“ на гости против Калјари. Тимот од „Сан Сиро“ сега се наоѓа на осмата позиција со 25 бода.

Првиот гол за Милан беше дело на Рафаел Леао на самиот старт од второто полувреме. Златан Ибрахимовиќ ја потврди победата со погодокот во 64.минута. Тој одлично реагираше на уфрлената топка од левата страна и ја затресе мрежата на Калјари.

Се вчитува...