Ибракадабра – Златан е највозрасниот играч на Милан кој стрелал на „Дерби дела мадонина“

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ ја потврди класата и во дербито на Милано, постигна еден и беше асистент на вториот гол за Милан во поразот (4-2) од градскиот ривал Интер. Со тоа урна уште еден клупски рекорд на „росонерите“.

Златан Ибрахимовиќ се запише во листата на стрелци на возраст од 38 години и 129 дена, со што го надмина достигнувањето на уште еден шведски фудбалер кој играше за Милан, Нилс Линдхолм. Тој своевремено постигна гол со 38 години и 43 дена. Потоа следува легендарниот Филипо Инзаги, кој постигнал гол на возраст од 34 години и 268 дена.

 

Се вчитува...