Идентификувани сите пет жртви од хеликоптерската несреќа во Лестер

Англискиот премиерлигаш Лестер синоќа и официјално ја потврди трагичната вест за смртта на претседателот на клубот, Вишаи Шривадханапрабха. Тој и уште четири лица, од кои двајца пилоти, загинаа по уривањето на хеликоптерот во близина на стадионот „Кинг Пауер“, веднаш по завршувањето на натпреварот меѓу Лестер и Вест хем (1-1) од Премиер – лигата.

Англиската полиција, притоа, ги соопшти и имињата на сите пет настрадани во несреќата која го потресе Островот и Европа. Покрај претседателот на клубот, Вишаи Шривадханапрабха, меѓу загинатите се и двајца негови блиски соработници Нурсара Сукнамаи, која била еден вид десна рака на Шривадханапрабха,  и Кавепорн Пунпаре, како и пилотите Ерик Свафер од Англија и Изабела Розе Лехович од Полска.

Среќна околност е, како што соопшти полицијата, што при падот на хеликоптерот ниту едно друго лице кое било надвор од леталото не е повредено.

Се вчитува...