Иџе Стефановски на четвртото место на ТЦР Италија

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе го освои четвртото место на трката за ТЦР Италија. Тој заостана 3.965 секунди зад победникот Пелегрини од Италија (27:59.956). На второто и третото место се најдоа неговите сонародници Берета и Скалвини.

Иџе поради технички проблем со возилото мораше да стартува од последната позиција, но на крајот со одлично возење успеа да го освои четвртото место.

Се вчитува...