Дарко Чурлинов во летниот преоден рок ќе треба да се врати во Барнли, откако ќе му истече позајмицата со Шалке на 30. јуни. Тимот од Гелзенкирхен има опција да го откупи неговиот договор за 3 милиони евра, клаузула која нема да ја активира поради финансиската криза со која се соочува овој тим.
Македонскиот репрезентативец има договор со Барнли до 2026 година, па така тоа е тимот кој ќе одлучува за неговата иднина. Јасно е дека англискиот тим не смета на него, и веројатно ќе си бара нов клуб.
Испаѓањето од Премиерлигата, би можело да значи дека Барнли ќе ја намали бараната сума за Чурлинов од три милиони евра, и ќе бара потенцијален купувач. Во опција е повторно „кам-бек“ во Шалке со перманентен договор, но за далеку помала сума на пари од онаа на која во моментов инсистира тимот на Барнли.
Каде ќе игра идната сезона Чурлинов, ќе зависи само од Барнли кој ќе одлучи дали ќе се согласи на намалување на сумата и негова продажба, или на крајот на краиштата да го задржи и да се обиде со него да се врати во најдобрата англиска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА