Идриз Бата е замената за Хасани во Шкендија!

Довчерашниот капитен на албанскиот суперлигаш Партизани Тирана, 26-годишниот Идриз Бата треба да биде замената за Ферхан Хасани во редовите на Шкендија.

Македонскиот репрезентативец Хасани и дефинитивно ова лето заминува од редовите на Шкендија, а тетовци наредниве денови и официјално треба да го промовираат Идриз Бата како свој нов фудбалер. Според најавите, Бата треба да потпише двегодишен договор со Шкендија.

Бата, кој е и потенцијален албански репрезентативец, од 2014 година настапува за Партизани. Минатава сезона настапи на 31 натпревар, притоа постигнувајќи и пет погодоци.

Како потенцијално засилување за Шкендија веќе подолго време се спомнува и нигерискиот напаѓач од редовите на Скендербег, Џејмс Аденији.

Се вчитува...