Ига Швјонтек во финале: Против Мухова ќе ја брани титулата на Ролан Гарос

Извонредната Ига Швјонтек од Полска ќе ја брани титулата освоена минатата година на Ролан Гарос откако во полуфиналната пресметка славеше против Бразилката Маја Хадад.

Во меч кој траеше еден час и 45 минути, Швјонтек триумфираше против Бразилката во два сета со 6-2 и 7-6 (7).

Во финалето полската тенисерка ќе игра против Мухова од Чешка која во првото полуфинале приреди сензација елиминирајќи ја втората носителка, Белорусинката Сабаленка.

Се вчитува...