Ига Свијонтек не запира – во голем стил до финалето на Ролан Гарос

Ига Свијонтек е најпријатното изненадување на женскиот дел од Ролан Гарос откако 19-годишната тенисерка од Полска стигна до финалето од овој гранслем турнир.

Откако во претходните рунди ги збриша Бушар, Халеп и Тревисан, младата полска тенисерка продолжи во ист стил и на денешното полуфинале, декласирајќи ја Аргентинката Подороска со 2-0 во сетови. Интересно, Подороска ја имаше првата брејк-шанса уште при првиот гејм од полуфиналето, Свијонтек се спаси и поведе со 1-0, потоа контролирајќи го резултатот до самиот крај. Полската тенисерка славеше во првиот сет со 6-2, веднаш потоа поведе со 4-0, за на крајот да го добие и вториот сет со 6-1, за заслужен пласман во големото финале.

Полската тинејџерка за противничка во финалето ќе ја има победничката од дуелот Квитова – Кенин.

Се вчитува...