Ига Свјонтек: Не можам да верувам дека освоив гранслем-трофеј

Полјачката Ига Свјонтек е новата тениска хероина. Го покори Париз без ривалките и да трепнат, ја споредуваат со легендарната Германка Штефи Граф, а таа не може ни да верува дека успеа да го освои пехарот на Ролан Гарос.

„Не ми се верува. Извинете, но чудно ми е. Што направив?! Го освои Ролан Гарос. Во рацете држам пехар од гранслем турнир. Ќе ми бидат потребни неколку денови за да се навикнам“, одушевена е Ига Свјонтек од неверојатното постигнување.

Таа доминантно го освои турнирот на Ролан Гарос без ниеден загубен сет.

Се вчитува...