Игор Ангеловски кандидат за нов тренер на Хајдук!

Доскорашниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, е еден од кандидатите за нов тренер на сплитски Хајдук, пренесуваат хрватските медиуми.

Ангеловски би дошол на местото на Јенс Густафсон, кој што утрово доби отказ од сплитските „бели“. Медиумите пишуваат дека Хајдук бара некој странец што одлично го разбира хрватскиот јазик, затоа Ангеловски би бил идеален за наслаедник на Густафсон.

Екс селекторот е без работа после настапите на Македонија на Европското првенство, а беше поврзуван со клупата на Фенербахче, но до соработка не дојде.

Ангеловски во минатото беше тренер на Работнички, со кого освои титула во домашниот шампионат, а потоа стана селектор, и ја однесе Македонија на историското Европско првенство.

Се вчитува...