Игор Кесар е најдобар стрелец, а Стајиќ најдобар асистент во осмото коло од АБА2-лигата

Центарот на Пелистер, Игор Кесар, е најдобар стрелец во осмото коло од АБА2 лигата по извонредното издание на српскиот интернационалец на дуелот со Младост Земун.

Кесар беше доминантен на оваа средба, уште во првата четвртина постигнувајќи 18 поени, мечот завршувајќи го со импресивни бројки од 36 поени и 10 скокови. Тој е воедно и втор на листата на играчи со најмногу индексни поени за оваа рунда, со 47, два помалку од Вашингтон од Ловќен, кој оствари трипл-дабл на денешниот дуел со Војводина.

Бобан Стајиќ, кој имаше 11 успешни додавања на мечот со Младост Земун, е најдобар асистент на колото во АБА2-лигата, како најава за враќањето на Пелистер на победнички патеки во регионалното натпреварување.

Се вчитува...