Игор Кокошков останува во НБА – ќе биде дел од поранешниот клуб на Антиќ

Српскиот стратег Игор Кокошков и во следната сезона ќе биде дел од НБА лигата откако ги договорил условите за ангажман во Атланта Хокс каде ќе му биде помошник на Квин Снајдер, пренесуваат американските медуми.

Во поранешниот клуб на единствениот Македонец кој заиграл во НБА лигата, Перо Антиќ тој повторно ќе соработува со Снајдер откако двајцата беа дел од Јута Џез. Покрај овој клуб Србинот беше дел и од Бруклин, Клиперс, Детроит, Кливленд, Орландо, Сакраменто, Далас и Феникс каде воедно стана и првиот Европеец кој самостојно извршувал улога на главен тренер во најсилното кошаркарко првенство.

Кокошков имаше опција за враќање на кормилото на Словенија која ја предводеше до шампионската титула на Евробаскетот во 2017 година, но се одлучи за кариерата „преку барата“.

Се вчитува...