Игор Котевски седнува на клупата на Јуниор КВ

Искусниот македонски стратег Игор Котевски следната сезона ќе го предводи тимот на Јуниор Кисела Вода, објавија денеска од клубот од скопската населба.

По завршувањето на сезоната Котевски се раздели со Голден Арт, а на клупата на Јуниор го менува Ристо Магдинчев кој го водеше тимот минатата сезона.

Со Котевски на кормилото Јуниор КВ ќе се обиде да се врати во елитата од која што беше дел минатата сезона.

Се вчитува...