Игор Трајковски потпиша со РК Скопје

Кружниот напаѓач Игор Трајковски, по две години кариера во финскиот клуб СИФ се враќа во домашната Суперлига откако потпиша договор со Скопје.

Трајковски, освен за СИФ настапуваше и за екипите на Пелистер и Еурофарм Работник, потоа и во Еурофарм Пелистер 2, а играше и за екипата на Струга и тиммот на Радовиш.

Скопје 2020 досега како новитети ги доведе српскиот голман Никола Радовановиќ и поранешниот репрезентативец Горан Кузманоски кој ќе биде тренер на тимот.

Се вчитува...