Игор Тудор е нов тренер на Галатасарај

Хрватскиот стратег Игор Тудор е новиот тренер на Галатасарај. Хрватот и дефинитивно ги договори сите услови за преземање на кормилото на турскиот гигант а денеска се очекува само официјалната потврда од клубот.

Тудор во Галатасарај доаѓа од кормилото на Карабукспор каде пристигна на почетокот од сезоната. Претходно во својата тренерска кариера го водеше Хајдук во периодот од 2013 до 2015 година, а потоа работеше и во грчки ПАОК.

На клупата на Галатасарај ќе го наследи Јан Олде Рикеринк, кој го донесе тимот во моментов на третата позиција во турската Супер лига, со пет бода зад водечкиот Бешикташ.

Хрватскиот тренер се одлучи да се откаже од 150 илјади евра колку му гарантираше остатокот од договорот со Карабукспор за да ја преземе клупата на Галатасарај.

Се вчитува...