Игор Тудор се врати назад во „Серија А“

Рекордната серија од единаесет порази по ред ги натера челниците на Удинезе да се решат за тренерска смена, врачувајќи му отказ на Масимо Одо. Експресно беше именуван и новиот тренер, а изборот падна на хрватскиот стратег Игор Тудор, кој од утре ќе почна со тренинзи со „фриулијаните“.

За Хрватот ова е враќање назад во „Серија А“, каде со успех настапуваше во својата играчка кариера во дресот на Јувентус и на Сиена.

Тој ја почна сезонава на клупата на Галатасарај, но заработи отказ по неколку слаби резултати на почетокот од турскиот шампионат. Тудор ќе дебитира на клупата на Удинезе на гостувањето против „фенерџијата“ Беневенто, идеална шанса да се прекине серијата порази и да се направи голем чекор напред во битката за опстанок во елитата.

Се вчитува...