Игор Вори веќе не е тренер на РК Загреб

Игор Вори веќе не е тренер на хрватскиот ракометен шампион Загреб, потврдија од клубот. Вори на клупата на Загреб дојде на местото на Веселин Вујовиќ, а клубот го водеше на вкупно пет официјални натпревари.

„Вори и раководството дојдоа до заеднички заклучок дека е неопходно да се направи промена, како екипата адекватно би се подготвила за натпреварите што следуваат, посебно оние на кои се очекуваат бодови“, стои во соопштението од клубот. 

Финалниот турнир во СЕХА лигата Загреб го заврши на четвртото место, а во полуфиналето прокоцка победа против Вардар. Серијата порази продолжи и во Лигата на шампионите во првите три кола.

Се вчитува...