Екипата на Окленд Сити од Нов Зеланд, ќе настапи на штотуку почнатото Светско првенство. Прваците на својата земја не се професионалци со полно работно време, па така многумина од играчите морале да земат годишен одмор, за да настапат на првенството.
Таму, според зборовите на тренерот Пауло Посе ги чека „најтешката можна група“. Неодамна ја освоија Лигата на шампиони на Океанија, а сега во групата Ц играат против Баерн Минхен, Бенфика и Бока Јуниорс.
„Можеби ја извлековме најтешката група“, рече Поса. „Имаме против себе две европски фудбалски сили, Баерн Минхен и Бенфика, и Бока Јуниорс секогаш способна да оди до крај“, рече Поса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА