Играч на Баерн ќе биде протеран од Германија поради поддршка кон Палестина?

Веќе неколку дена трае крвавиот конфликт помеѓу Израел и Палестина, кој однесе илјадници животи, а сведоци сме на незапаметени злосторства. Целиот свет следи што се случува во Газа, на која Израел се заканува дека ќе изврши инвазија, а илјадници Палестинци се во опасност, и во тој дел од светот му се заканува катастрофа од невидени размери.

Еден од ние кои го коментираа хаосот беше играчот на Баерн, Нусар Мазрауи. Мароканецот на социјалните мрежи објави пропалестински пост со цитат на Куранот: „И немојте да мислите дека Алах не обрнува внимание на оние кои прават неправда. Тој само ги задржува до денот кога очите ќе им се замрзнат од страв“.

Следуваа бурни реакции на оваа објава, по што самиот играч се реши да ги објасни.

„Навистина е разочарувачки што морам да ги објаснувам своите уверувања. Тоа е поради ситуацијата во која илјадници убиени невини луѓе. Мојот став е дека ќе се залагам за мир и правда, така што човекот секогаш ќе биде против сите облици на тероризам, омраза и насилство“, рече тој и продолжи:

„Секогаш ќе бидам на оваа позиција, така што не ги разбирам луѓето кои размислуваат спротивно од мене. Денеска не станува збор за тоа што мислам јас или вие. Во овој страшен конфликт гинат невини. Затоа мораме да бидеме против ова што се случува и кое е нехумано“, рече Мазрауи.

Јавноста е поделена по ова прашање, а дел од нив бараат да се протера од Германија.

„Драг Баерн, ве молиме веднаш да го исфрлите од клубот. Дури и треба да бидат искористени сите опции и да се протера од Германија“, рече германскиот политичар, Јоханес Штајнигер.

Се вчитува...