Играч на Лајпциг: „Другар од Дортмунд ме молеше да не загубиме од Баерн“

Екипата на Лајпциг го совлада Баерн Минхен и тоа на гостински терен, па така и овозможи на Борусија Дортмунд да дојде до првата титула после пауза од 11 години.

„Баварците“ направија кикс на едно коло до крајот, а Борусија со вчерашната победа го презеде првото место, и сега му треба само да го добие мечот со Мајнц на домашен терен во последното коло, или Баерн да не го победи Келн, за официјално титулата да патува во Дортмунд.

Доминик Собослаи, еден од творците на победата во Минхен, откри дека му се јавил играч од Борусија Дортмунд, и го молел да не загубат од Баерн, меч што Лајпциг со пресврт во второто полувреме го доби на „Алијанц Арена“.

„Ми се јави мојот пријател Адејеми пред мечот со Баерн, и ми рече: ве молам да не загубите денеска. Ние дадовме се од себе и го добивме мечот“, откри Собослаи.

Собослаи и Адејеми играа заедно во таборот на Салцбург. Едниот замина во Лајпциг, додека другиот во Дортмунд.

Се вчитува...