ИГРАЧ НА МЕЧОТ: Кој друг ако не вардаровиот џин – Криштопанс !

Едногласно признанието најдобар играч на вториот полуфинален натпревар од Ф4 турнирот во ЛШ во рацете на вардаровиот џин Даинис Криштопанс.

Криштопанс по лошото прво полувреме на крајот клучен за триумфот на „вардарци“ со феноменален ефект од 10 гола од 14 шута кон голот на Барселона.

Најбрзиот шут на Криштопанс од ЕХФ го измерија со 130 километри на час.

Се вчитува...