Играч на Реал со омаловажувачки пораки до Осасуна: Како ќе го освоите Купот кога сте мал клуб?

Реал Мадрид синоќа во Купот на Кралот го совлада тимот на Осасуна со 2:1, и го освои трофејот во ова натпреварување. Сепак, и покрај двата гола на Родриго, дуелот го одбележа Винисиус Жуниор кој со своето однесување го сврте вниманието кон себе.

Најпрво Бразилецот на почетокот на дуелот не отиде да се поздрави со судиите, а потоа на крајот од првиот дел доби жолт картон, кој се чини стана пракса за овој играч поради своето однесување.

На полувремето во тунелот имало и физичка пресметка меѓу него и играчот на Осасуна Авил, но сите останати играчи на Реал и Осасуна спречија поголем инцидент.

Винисиус констатно тврди дека трпи провокации и навреди од играчите и од трибините, а дека ниту тој не е „цвеќе за мирисање“ покажа вчера за време на мечот со Осасуна. Шпанските медиуми тврдат дека Винисиус на неколку пати ги омаловажувал играчите на противникот со пораки: „Како ќе го освоите трофејот кога сте толку мал клуб“.

Навистина несоодветно однесување на Бразилецот, а останува да се види дали Реал Мадрид ќе реагира и со дицисплински мерки ќе го смири играчот за своите „испади“ на теренот.

Се вчитува...