Играч не доби повик за Бразил поради тоа што не е вакциниран

Дефанзивецот на Атлетико, Ренан Лоди не е повикан во националниот тим на Бразил поради тоа што не бил целосно вакциниран.

„Лоди ја загуби можноста да биде дел од селекцијата поради невакцинација. Не е вакциниран и нема да биде дел од репрезентацијата“, изјави селекторот Тите.

Лоди бил вакциниран само со една доза. Координаторот на националниот тим Жунињо рече дека одлуката за левиот бек е поврзана со здравственото законодавство на секоја земја (Еквадор) каде што е потребна целосна вакцинација за влез во земјата.

Се вчитува...