Рома во вториот натпревар против Баер Леверкузен одигра без голови, во меч во кој „Фармацевтите“ доминираа во статисиката, но на крајот „волчицата“ се одбрани и успеа да избори место во финалето во Лигата на Европа.
Жозе Мурињо постави бункер пред својот гол, кој цели 90 минути беше при опсада. Рома единствениот удар кон голот го упати во 1 минута, а до крајот имаше 28% посед на топката.
После натпреварот, играчите на Баер Леверкузен ја критикуваа играта на Мурињо.
„Штета што екипа со ваков стил на игра стигна до финале. Грдо. Грдо е ова за фудбалот. Честитки на противникот што стигна до финалето на одвратен начин“, рече Керем Демирбај, играчот на Баер Леверкузен.
Со него се согласува и соиграчот Надием Амири.
„Не заслуживме да бидеме елиминирани од екипа која нема врска со фудбалот. Се прашувам како е можно? Лудост е ваква екипа да игра финале“, изјави тој.
Симон Ролфес, спортскиот директор на Баер Леверкузен исто така не штедеше критики.
„Цело време некој лежеше на тревата и беше „многу повреден“. Мислам дека навивачите на Баер ќе навиваат за Севилја. Жалосно е со ваков стил на фудбал да се стигне до успех“, рече Ролфес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА