Играчите на Дортмунд им се извинуваа на навивачите по „бламажата“ во Амстердам

Фудбалерите на Борусија Дортмунд беа поразени во вторникот од Ајакс со убедлив резултат од 4:0 во третото коло од Лигата на шампионите. Тимот од Амстердам целосно ги надигра и заслужено ги порази „милионерите“, кои имаа дури и среќа затоа што можеа да примат уште толку (Ајакс имаше 20 шута кон голот).

Веднаш по натпреварот дел од играчите заминаа кај навивачите на Борусија да се извинуваат, но извинувањето продолжи и по социјалните мрежи.

Халанд, Ројс, Џан, Кобел и останатите играчи упатија извинување до фановите, и ветија дека ќе се борат да го добијат реваншот во Дортмунд и со тоа да се доближат до следната фаза од Лигата на шампионите.

Дел од фановите го прифатија извинувањето, а добар дел од нив побараа екипата добро да се засили особено во одбраната, на бековските позиции и во средниот ред, како и повеќе борба од одредени играчи кои целосно потфрлија во Амстердам.

Се вчитува...