Играчите на Панатинаикос ја бојкотираа химната на Евролига

Кошаркарите на Панатинаикос одбија да излезат на терен за време на интонирањето на химната на Евролигата пред натпреварот со Басконија. Овој потег на грчкиот тим е само продолжение на борбата на претседателот на ПАО, Димитрис Јанакопулос, кој најави референдум на кој навивачите ќе бираат дали сакаат клубот да го продолжи насттапот во елитната лига или да го напушти ова натпреварување.

Јанакопулос доби едногодишна забрана да присуствува на натпреварите во Евролигата поради навреди и закани упатени кон навивачите на Фенербахче на Инстаграм, а веќе на првиот натпревар по изречената казна, тој ја продолжи својата „војна“.

На бојкотот на кошаркарите се приклучија и навивачите на ПАО кои ја исвиркаа химната пред почетокот на натпреварот.

Споменатиот референдум закажан е за понеделник и за вторник, а како веродостојни ќе се сметаат сите гласови што ќе стигнат преку СМС пораки од страна на сопствениците на сезонски влезници или оние што купувале дневни карти во последните три сезони.

Се вчитува...