Играчите на ПСЖ веќе не го сакаат Покетино, клубот најде и наследник

ПСЖ неодамна ремизираше со Лион, но и натаму ја држи првата позиција во Лига 1. Титулата веројатно не е доведена во прашање, но на Парижаните им престои предизвик да ја освојат Лигата на шампионите.

Сепак, според пишувањата на француските медиуми, играчите веќе не го сакаат Маурицио Покетино, и сакаат Аргентинецот да го напушти клубот. Фудбалерите наводно не биле задоволни од методите на тренинзи, и неговата филозофија не им се допаѓа на голем дел од играчите.

Прашање е колку Покетино ќе се задржи на клупата, а наголемо се шпекулира дека неговото место е „резервирано“ за Зинедин Зидан. Французинот веројатно е веќе одбран, и ќе почне да ги тренира Парижаните од другата сезона.

Се вчитува...