Играчите на Сараево: Изненадени сме од оставката на Васоски

Александар Васоски поднесе оставка од функцијата шеф на стручен штаб на Сараево. После ремито од вечното дерби меѓу Сараево и Железничар, македонскиот тренер се реши да ја напушти клупата на „бордо“ тимот.

Играчите велат дека биле изненадени од оставката на Васоски, и дека немало никакви знаци за такво нешто пред и за време на натпреварот.

„Бевме изненадени оставката на Васоски, немаше никакви знаци. Се подготвувавме нормално, сериозно и заедно да го одиграме дербито и да го одиграме финалето. Останавме изненади во соблекувалната, но што е тука е, имаме финале на Куп, кој може да ни ја спаси сезоната, и мораме да продолжиме понатаму. Би му се заблагодарил на Васоски, кој е одлучен стручњак и човек“, вели Асмир Шулјиќ, стрелецот на единствениот гол за Сараево.

Шулјиќ вели дека се видело дека на Васоски му било многу тешко после натпреварот.

„За ова кратко време колку е тука, имав информации од порано пред негово доаѓање дека е добар тренер. Сараево не трпи никого, но ако нема резултати… тоа е така. Тоа требаше многу повеќе време да се направи нешто, но тука се очекува веднаш и сега. На крајот на натпреварот беше тешко на тренерот, кој имаше некои други планови, други визии, но ја презеде одговорноста и не сакаше да ја доведе екипата во незгодна ситуација“, рече Шулјиќ.

Се вчитува...