Играше со Пандев во Интер, сега ќе му биде тренер во Џенова?

За раководството на Џенова веќе нема никакви дилеми, Андреа Андреацоли го потроши и последниот кредит, па во текот на оваа седмица ќе добие отказ, а тимот на Горан Пандев со нов тренер ќе влезе во наредните битки за опстанок.

Според последните информации, големи се шансите Пандев за тренер да добие поранешен соиграч од Интер, откако Аргентинецот Тијаго Мота излезе во преден план во трката за нов стратег на Џенова. Пандев и Мота заедно стигнаа до европската круна со „нероаѕурите“, a поранешниот фудбалер за врска по завршувањето на играчката кариера се подготвува да заплови во тренерски води.

Тој ја мина ланската сезона како тренер на У19 екипата на ПСЖ, во меѓувреме го напушти овој клуб, но сега е подготвен за првиот самостоен тренерски предизвик. Тој своевремено како играч настапуваше за Џенова во сезоната 2008/09, а одличниот однос што тогаш го имаше со претседателот Пречиози го прави сериозен кандидат во оваа трка.

Покрај Мота, во игра за наследник на Андреацоли се уште и поранешниот асистент на Јувентус, Масимо Кароера и Франческо Гвидолин.

Се вчитува...