Играше за Манчестер, па од срам реши да го оперира лицето и да го смени изгледот!

Кинескиот фудбалер Донг Фангжу во летото 2004 година потпиша за Манчестер јунајтед што беше изненадување за фубалската јавност бидејќи никој не знаеше за каков играч се работи.

Сер Алекс Фергусон тогаш реши на „Олд Трафорд“ да го донесе 19-годишниот фудбалер од кој во Кина очекуваа многу. Сепак, на Донг не му одеше баш најдобро во Јунајтед, бидејќи одигра само два натпревари за „црвените ѓаволи“, а потоа целосно исчезна од сцената.

Откако потпиша за Манчестер јунајтед, прво не можеше да добие дозвола и клубот беше приморан да го испрати на позјамица во белгискиот Антверпен каде играше две сезони и имаше забележителни настапи. Донг во Белгија одигра 71 натпревар и постигна 34 гола после што се врати во Јунајтед. Но, иако конечно доби работна дозвола, во Манчестер одигра саммо два натпревари и се врати во Кина.

После имаше уште енколку обиди да ја продолжи европската кариера, во Полска, во Португалија и на крај и во Србија, но секаде разочара.  Донг Фангжу ја заврши кариерата во 2014 година и потоа почна да настапува во „ријалити емисии“ во Кина. Но, толку му било срам што не успеал во Манчестер јунајтед, што на крај направил и еден радикален потег – го сменил ликот за да не го препознаваат.

На Донг му пречело што луѓето често го препознавале и го исмевале бидејќи било најавено дека ќе биде голема кинеска ѕвезда, а тој не ги исполнил очекувањата. На крај решил да направи пластична операција на лицето и целосно да го смени својот изглед за да не можат луѓето да го препознаваат на улица.

Се вчитува...