Игуаин доби богат чек за збогум од „старата дама“

Гонзало Игуаин од вечерва повеќе не е член на Јувентус откако ги договори условите за раскин на соработката со актуелниот првак на Италија. Аргентинецот се согласи на раскин дури откако добро се испазари за исплата на последната година од договорот, па однапред ќе добие четири милиони евра на име „отпремнина“ од „старата дама“.

Игуаин имаше загарантирани 7,5 милиони евра за сезоната 2020/21, но се согласи на нешто повеќе од половина од оваа сума за да биде слободен потоа да си замине без отштета, со што со платата во новиот клуб без проблеми би ги покрил преостанатите три милиони евра разлика во однос на отпремнината од Јуве.

Следна дестинација на аргентинскиот голгетер ќе биде американскиот клуб Интер Мајами, чиј претседател е Дејвид Бекам. Игуаин ќе биде вториот ас на Јуве што летово се сели во тимот на Бекам, откако минатиот месец истото го стори и Блес Матуиди.

Се вчитува...