Игуаин го пропушта и Лацио, Буфон и Дибала стартери

Гонзало Игуаин се уште не е подготвен за камбек на фудбалските терени, па најдобриот стрелец на Јувентус ќе го пропушти и наредниот дуел во Серија А, дерби пресметката против Лацио што ќе се играна „Олимпико“ во Рим. Лекарскиот тим се обиде да го оспособи Аргентинецот, но тој не успеа да ги издржи напорите на последниот тренинг, па тренерот Алегри реши да не ризикува со него во пресрет на реваншот од осминафиналето во ЛШ против Тотенхем.

Потребни се уште неколку дена за рехабилитација и нема потреба од ризик. Тој нема ни да патува со тимот, но затоа во стартните единаесетмина ќе се појават Дибала и Буфон, кои ги надминаа своите проблеми со повредите што ги мачеа. Лацио е силен тим, одлично подготвен на физички план и ќе треба да одиграме најдобро што можеме ако сакаме да дојдеме до бодовите“ – изјави Алегри на денешната прес-конференција.

Јувентус се наоѓа на второто место на табелата во Серија А со четири бода заостанување зад лидерот Наполи, но и натпревар помалку од „наполитанците“ (оној одложениот на домашен терен против Аталанта, што е презакажан за 14 март).

Се вчитува...