Игуаин: Јувентус ќе се бори до смрт за секоја победа!

Јувентус синоќа запиша неверојатна победа (2-3) во големата дерби пресметка против Интер, па на тој начин зголемувајќи ја предноста во однос на Наполи на врвот од табелата.

„Старата дама“ во самиот финиш стигна до триумфот, по извонреден пресврт и два гола во последните неколку минути од мечот. Херој во триумфот на крајот беше Гонзало Игуаин кој во судиското продолжение ги постави конечните 2-3…

„Ова е фудбал. Губевме се до последните минути, но гладни бевме за триумф и успеавме да дојдеме до пресврт победа. Покажавме дека ќе се бориме до смрт за секоја победа. Интер одигра одличен меч, имаа и играч помалку, но ние едноставно моравме да победиме и да ја вратиме загубената самодоверба. На крајот победи огромната волја, карактерот, желбата…“ – вели Игуаин.

Се вчитува...