Игуаин не му даде на Торино да победи во градското дерби

Јувентус одигра 1-1 против градскиот ривал Торино и е на чекор до официјално освојување на шампионската титула во Серија А. Торино имаше водство се до финишот, но Гонзало Игуаин не дозволи пораз за „старата дама“.

Адем Љајиќ постигна прекрасен гол од слободен удар во 52.минута, а пет минути подоцна Торино остана со играч помалку по исклучувањето на Африје Аква. Во завршницата, Гонзало Игуаин постигна гол за израмнување во судиското продолжение од средбата.

Adem Ljajic Great Free-Kick Goal HD – Juventus… by footballTVGonzalo Higuain Goal HD – Juventus 1-1 Torino… by lifefoot

Се вчитува...