Игуаин не сака на нова позајмица, ја одби Рома

Аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин се врати во Јувентус откако беше на позајмица во Милан и во Челси. Тој не сака повторно да игра како отстапен фудбалер во друг клуб, туку иднината ја гледа во Торино. Посебно откако Маурицио Сари го презеде кормилото на „старата дама“. Ја одби понудата на Рома да се пресели на „Олимпико“ следната сезона како позајмен фудбалер.

„Нема веќе опции за Гонзало да игра на позајмици во други клубови. Тој сака да одработи уште две години од договорот со Јувентус во Торино“, изјави неговиот брат Николас Игуаин, кој е негов фудбалски агент.

Гонзало Игуаин во 2016 година потпиша за Јувентус во рекорден трансфер од Наполи. Во 2018 година беше позајмен во Милан, а потоа и Челси. Во дресот на клубот од „Стемфорд бриџ“ одигра 14 натпревари и постигна пет гола.

Се вчитува...