Игуаин: Не знам што сакаше Реал од мене – Кога постигнав 26 гола, Перез ги купи Кака и Бензема!

Екс-фудбалерот на Реал Мадрид, а денешен напаѓачот на Интер Мајами, Гонзало Игуаин зборуваше за неговото време поминато во дресот на „кралевите“, па откри дека зголемувањето на конкуренцијата предизвикало да се чувствува чудно и да се прашува што очекуваат челниците од него.

Аргентинецот во 2007 година му се приклучи на Реал Мадрид, а потоа на „Сантијаго Бернабе“ беа донесени Карим Бензема и Кака.

„Со доаѓањето на Бензема имаше здрава конкуренција, секогаш моравме да играме перфектно. Кога пристигна Роналдо, тој постигна 27, а јас 26. Во следниот трансфер период ги купија Кака и Бензема, па почнав да се прашувам колку голови треба да постигнам? Бензема дојде и ја покажа најдобрата верзија од себе, тој е неверојатна деветка“, заклучи Игуаин.

Се вчитува...