Игуаин под прашалник за дербито против Рома

Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин е под знак прашалник за дерби дуелот на неговиот Јувентус против Рома поради проблеми со повреда.

Тој не беше дел од тимот на последниот тренинг поради проблеми со препоните поради кои лекарскиот тим на клубот не сака да ризикува со влошување на повредата. Изненадувачки, Игуаин и покрај многуте шпекулации за негово заминување, остана во Јувентус, каде што сезонава бележи солидни резултати.

Натпреварот меѓу Рома и Јувентус е закажан за утревечер, со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...