ИХФ ги додели двете вајлд-карти за СП, Унгарија извиси

Листата на учесници на ракометното СП 2027 чиј дел ќе биде и Македонија дефинитивно е комплетна откако ИХФ ги додели и двете вајлд-карти на селекции кои ќе бидат дел од мундијалот иако не ги минаа квалификациите.

Турција и Саудиска Арабијја се „среќните репрезентации“ избрани од светската куќа на ракометот да бидат дел од мундијалот што ќе се одржи во Германија. Иако според многумина апсолутни фаворити во оваа трка беа Унгарците, оваа реномирана репрезентација сепак остана без мундијалски билет, исто како и Холандија, Црна Гора, Швајцарија…

Ждрепката за СП 2027 ќе се одржи утре, а Македонија ќе биде дел од вториот шешир заедно со Србија, Словенија, Норвешка, Шпанија, Франција, Италија и Фарските острови, селекции со кои не можеме да се сретнеме во првата фаза.

 

ПРВ ШЕШИР: Германија, Египет, Аргентина, Хрватска, Шведска, Португалија, Данска, Исланд

ВТОР ШЕШИР: Македонија, Србија, Ф. Острови, Италија, Франција, Шпанија, Словенија, Норвешка

ТРЕТ ШЕШИР: Грција, Полска, Бразил, Бахреин, Тунис, САД, Капе Верде, Чиле

ЧЕТВРТ ШЕШИР: Катар, Алжир, Ангола, Јапонија, Кувајт, Уругвај, Турција, С. Арабија.

Се вчитува...