ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
ИХФ од претходно ги имаше утврдено термините и сатниците за главната фаза согласно пласманот на репрезентациите од првата рунда, но светската куќа на ракометот повторно направи каша-попара, менувајќи ги почетоците на првите два меча на Македонија.
Дуелот со Австрија требаше да го играме од 18 часот, но по направените промени македонските ракометари ќе излезат на мегдан во 15.30 часот и токму со овој дуел ќе биде официјално отворена главната фаза во Вараждин. По нас, во 18 часот е закажан дуелот Холандија – Катар, а круна на програмата ќе биде пресметката на двете првопласирани селекции од првата фаза, Франција против Унгарија.
Веќе во четврток на програмата ќе биде второто коло од главната фаза, Македонија за противник ќе го има Катар, а мечот повторно ќе почне во 15.30 часот. Според најновиот распоред објавен на официјалната веб-страница на шампионатот, во 18 часот ќе играат Холандија и Франција, а во 20.30 часот ќе се игра мечот меѓу Унгарија и Австрија.
Македонија настапот на СП 2025 ќе го заврши со пресметка со гигантот Франција, дуел закажан за 25 јануари (сабота) во 20.30 часот, последен меч од програмата во арената во Вараждин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА