ИХФ го откажа Супер Глоуб

Неофицијалното светско клупско првенство во ракомет, Супер Глоуб, нема да се одржи во предвидениот термин откако денеска беше одложено на неодредено време од страна на ИХФ. Светската куќа на ракометот оцени дека ризикот за патување на најдобрите европски клубови на турнир во Саудиска Арабија е преголем, објавувајќи дека Супер Глоуб нема да се игра во предвидениот термин од 6 до 10 октомври.

„Поради пандемијата на коронавирусот и рестрикциите што државите ги воведуваат во однос на патувања кон и надвор од тие држави, принудени сме да го одложиме Супер Глоуб. Новите датуми за турнирот ќе бидат дополнително објавени“, обелоденија од ИХФ.

Покрај ова клупско натпреварување, одложено е и светското првенство за ракометарки до 18 години, што од 29 септември до 11 октомври требаше да се одржи во Хрватска.

Се вчитува...