ИХФ ја поздрави Македонија: Неверојатен тим, неверојатни гости…

Македонската делегација веќе се врати дома по настапот на СП 2021 во Египет, а ИХФ со видео-компилација испрати поздрав до „црвено-жолтите“.

Неверојатен тим, неверојатни гости. Беше прекрасно да ви бидеме домаќини на Египет 2021“, објавија организаторите на мундијалот.

Македонија го заврши настапот на СП 2021 со една победа и пет порази, освојувајќи го 23. место на овој шампионат.

Се вчитува...