ИХФ тестира нови ракометни правила – се крати пасивниот напад…

Светската ракометна федерација ИХФ подготви нови промени во ракометните правила, кои ќе бидат тестирани во наредниот период, по што доколку добијат зелено светло ќе бидат одобрени на Конгресот на ИХФ в0 2021 година.

Прво на листата на правила е кратењето на пасивниот напад, каде досега на тимовите им беа дозволени по шест додавања откако судиите ќе кренеа рака. Според новото правило, екипите ќе имаат право само на четири додавање пред да го завршат нападот.

Второто правило е она за заштита на голманите при удар во глава, при што предлогот на ИХФ е наместо сегашниот црвен картон судиите да бидат потолерантни  и ракометарите да добијат само исклучување од две минути.

Светската куќа на ракомет објави дека новите правила ќе бидат тестирани на сите континенти, а во Европа ќе бидат користени на различни турнири и натпреварувања во Холандија, Норвешка, Данска, Франција, Шпанија и во Унгарија.

Се вчитува...