Икарди го шокира Интер, не сака трансфер зошто Ванда Нара е бремена

Италијанскиот калчолигаш Интер се најде во небрано откако контроверзниот напаѓач Мауро Икарди го одби сите понуди и одлучи да остане во клубот и следната сезона. Причините се семејни, неговата партнерка Ванда Нара е бремена по шести пат и тој смета дека сега не е најдобро време за преселба.

Претходно, Икарди доби ’закани’ од тренерот Антонио Конте дека нема да стапне на теренот и најдобро за него би било да замине. Но, Аргентинецот ги одби понудите на Наполи, Јувентус и на Манчестер Јунајтед поради новонастанатата ситуација. Подготвува и тужба за мобинг доколку не му биде дозволено да се врати во тимот, а би можел да искористи и едно правило на ФИФА за следната сезона. Доколку играч не одигра 10% од натпреварите, има право по завршувањето на сезоната да замине како слободен агент.

Ова многу ја отежнува ситуацијата на Интер околу финансискиот фер-плеј и пред се ангажманот на ново засилување во навалната линија. Конте го посакува Ромелу Лукаку, а во опција е и Пауло Дибала од Јувентус.

 

 

Се вчитува...