Икарди и Мбапе го нокаутираа Марсеј за едно полувреме

Францускиот првак Пари Сен Жермен го декласира Олимпик Марсеј со 4-0 на домашен терен остварувајќи ја деветтата победа во шампионатот. Избраниците на Томас Тухел беа посебно инспирирани за овој дерби-дуел и работата ја завршија за 45 минути. Блескаа Мауро Икарди и Килијан Мбапе кои постигнаа по два гола.

Икарди го отвори резултатот уште во десеттата минута, а Аргентинецот вторпат се запиша меѓу стрелците во 26.минута. Потоа на сцена стапи Килијан Мбапе, кој стрелаше во 32. и во 44.минута.

ПСЖ има 27 бода на врвот на табелата во Франција, пред Нант со осум бода негатива.

Се вчитува...