Икарди и ПСЖ – совршена комбинација

Сапуницата околу статусот на Мауро Икарди во Интер дефинитивно ќе трае до крајот на преодниот рок, а како најнова опција сега се споменува преселба во Пари сен Жермен, клуб што е во очајничка потрага по нов голгетер по повредите на Мбапе и на Кавани, како и најавеното заминување на Нејмар.

Сите обиди на управата на Интер да го продаде поранешниот капитен во Наполи пропаднаа, „наполитанците“ најавија дека ги прекинуваат преговорите, па сега како опција се споменува потпис на нов договор меѓу Интер и Икарди. Сето тоа во претходен договор, веднаш по потписот Аргентинецот да се согласи на заминување од „Џузепе Меаца“ на едногодишна позајмица.

Монако испрати и таква понуда, но беше одбиен од голгетерот, но во ПСЖ се оптимисти дека ќе успеат да го убедат Икарди да им се приклучи на Мбапе и на Кавани на „Паркот на принцовите“. „Светците“ би платиле околу 10 милиони евра за едногодишната позајмица, a во договорот би стоела и клаузула за целосен откуп за дополнителни 60 милиони.

Се вчитува...