Икарди: Ќе направам се за да останам во ПСЖ

Аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди изјави дека ќе направи се што е во негова моќ како би останал во Пари Сен Жермен. Икардот на „Паркот на принцовите“ стигна како позајмен фудбалер од Интер, а ПСЖ ќе може да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната за 70 милиони евра.

„Голема работа е што играм за ПСЖ, кој е еден од најдобрите клубови во светот. Ќе направам се како би останал овде. Морам да покажам што умеам на теренот. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата кога ќе заврши сезоната“, изјави Икарди. 

Икарди во осум натпревари во Лига 1 и Лигата на шампионите сезонава постигна седум гола.

Се вчитува...