Икарди почна да размислува „кралски“: Сака да ја освои Лигата на шампионите

Капитенот на Интер, Мауро Икарди, е трансферна цел на Реал Мадрид. Аргентинецот во прв момент напомена дека фановите не треба да се сомневаат во неговата верност кон „нероаѕурите“, но се погласни се шпекулациите дека тој сепак ќе стане „крал“ во јуни, по завршувањето на сезоната. Раководството на Реал Мадрид веќе подготвува стратегија за нови „галактикоси“, а меѓу нив се споменува и името на Икарди.

Атмосферата ја „разгоре“ и влијателниот италијански спортски весник „Кориере дело спорт“, кој тврди дека Икарди се повеќе размислува за заминување. Тој има желба да игра во лигата на шампионите и да освојува трофеи, а за тоа можеби и нема подобра локација за заминување од „Сантијаго Бернабеу“.

Реал Мадрид е подготвен да плати 110 милиони евра за да го купи Аргентинецот во јуни, а и Икарди би добил одлични услови за да го облече „кралскиот дрес“.

Се вчитува...