Икарди прави мегатрансфер во Реал Мадрид, Ковачиќ се враќа во Интер

Европскиот првак Реал Мадрид во самиот финиш на зимскиот преоден рок сепак ќе прави мегатрансфер. Мауро Икарди, аргентинскиот интернационален кој е капитен на Интер, е на прагот на „Сантијаго Бернабеу“, а „кралевите“ за него ќе платат 106 милиони евра. Всушност, во зделката ќе биде вклучен и Матео Ковачиќ, кој треба да се врати на „Џузепе Меаца“. Тој токму од Милано се пресели во Мадрид, а сега би можел да се врати назад.

Икарди, според италијанските медиуми, веќе го најави трансферот, откако на Инстаграм напиша: „Ако кажеш збогум значи дека се развиваш“. Овие негови зборови се сфатени како најава за негово заминување во Реал Мадрид. Останува да се види дали овој трансфер ќе се реализира, со оглед дека тој е идеален за „кралскиот клуб“, затоа што ќе може да настапува и во Лигата на шампионите, единствениот трофеј за кој Реал Мадрид остана да се бори во продолжението од сезоната.

Се вчитува...